Категорија: Лига на Шампиони 10.04.2014 09:29
Прекината е серијата на ’Каталонците’ од седум последователни настапи во полу-финале од најелитното европоско натпреварување.
Избраниците на Тата Мартино беа немоќни на гостувањето на Висенте Калдерон, па Атлетико Мадрид заслужено се пласира помеѓу четирите најдобари, за прв пат по пауза од 40 години.
Херојот на домаќините беше Коке, фудбалерот од средниот ред ја затресе мрежата на Барселона во 5. минута.
Атлетико Мадрид потоа имаше уште неколку добри шанси за предвреме да го реши натпреварот, во два наврати беше погодена пречката, Габи промаши 100% шанса а Пинто ги одбрани ударите на Диего и Кристијан Родригез.
Барселона не знаеше како да ги казни овие промашувања, и најголемите шанси ги имаше по ударите на Меси и Нејмар со глава, нешто што е нетипично за ’Каталонцит’.
На вториот вчерашен натпревар, Баерн Минхен го совлада Манчестер Јунајтед со 3-1, и се избори за четврто полу-финале во последните пет години.
По едно мирно прво полу-време, резултатот го отворија гостите со прекрасниот погодок на Евра во 57. минута.
Но радоста на шампионот на Англија траеше кратко, 120 секунди подоцна Манџукиќ изедначи.
Во 78. минута, одбраната на Манчестер Јунајтед капитулираше одново, Томас Милер со удар од пет метри го совлада Де Геа, и ги донесе домаќините во предност од 2-1.
Арјан Робен ги реши сите дилеми по еден соло пробив во 76. минута.
Ждрепката за разврската во Лигата на Шампионите ќе биде направена во петок во 12 часот во домот на УЕФА во Нион.