24фудбал

Мојс: Очекувам да одиграме подобро и верувам дека можеме да го сториме тоа

Дејвид Мојс верува дека неговиот тим може на Алианц Арена да одигра подобро отколку на првиот натпревар, ветува дека Манчестер Јунајтед ќе го даде максимумот за прогрес во полу-финалето

Лига на Шампиони

’Баварците’ остануваат фаворти за пласман помеѓу четирите најдобри, но Дејвид Мојс верува дека ’Црвените Ѓаволи’ се способни да му ги поматат сметките на европскиот шампион.

„Со нетрпение го чекам дуелот” – рече Шкотот на прес конференцијата. „Реванш натпревар, четврт-финале од Лигата на Шампионите и прилика за пласман во полу-финале...”

„Ова е огромен натпревар, сите играчи чекаат вакво нешто. Ќе го дадаме максимумот за пласман помеѓу четирите најдобри”.

„Секако дека ова е најтешкиот натпревар, двата тима располагаат со голем број на одлични фудбалери”.

Почетните 0-0 не му одговараат на Манчестер Јунајтед, па шампионот на Англија ќе мора да постигне гол доколку сака да остане во најелитното европско натпреварување.

„Би сакал да имаме поголем посед и поголемо влијание врз средбата. Очекувам да играме подобро од првиот натпревар, и верувам дека можеме да го сториме тоа”,

„Доколку сакаме пласман во полу-финале мораме да одиграме подобро. Исто така ќе треба да го имаме тимскиот дух и одлучноста што ја видовме минатата недела на Олд Трафорд”.

„Потребно е сите играчи да одиграат на високо ниво. Ова е како финале и покрај тоа што се работи само за реванш натпревар. Потребен ни е гол и ќе дадеме се од себе за да ја затресеме мрежата на противникот”.

Руни се мачеше со ситна повреда изминатите неколку дена, но напаѓачот ќе настапи против Баерн Минхен.

„Вејн одлучно посакува да игра, па треба да сме луди да не му дадеме шанса”.

„Нима ништо против да прими инекција, па ќе сметаме на неговите услуги”.