24фудбал

Дортмунд го ангажираше Рамос

’Милионерите’ соопштија дека го договориле трансферот на Адриан Рамос од Херта, Колумбиецот се сели во Дортмунд на 1. јули

Германија

Тимот од Сигнал Идуна Парк е во потрага на нов голгетер како замена за Роберт Левандовски, кој по крајот на сезоната ќе се пресели во Баерн Минхен.

Голем број на фудбалери се поврзуваа со Борусија Дортмунд, а вицешампионот на Германија денеска соопшти дека е договорен трансферот на Адриан Рамос од Херта.

28 годишниот напаѓач има добра сезона зад себе, со 16 погодоци е трет стрелец во Бундеслигата.

Детали од зделката не се обелоденуваат, Борусија Дортмунд само соопшти дека играчот ќе стави потпис на четири годишен договор и ќе пристигне на Сигнал Идуна Парк на 1. јули.

„Адриан Рамос е одличен фудбалер и еден од најдобрите голгетери во Германија” – вели спортскиот директор на ’Милионерите’, Михаел Цорк.

„Перфектно се вклопува во нашите барања”.