24фудбал

Клоп: Горд сум на моите фудбалери, одигравме фантастичен натпревар

Јирген Клоп вели дека играта на Борусија Дортмунд против Реал Мадрид може да послужи како лекција за сите тимови кои ќе се најдат во негатива по првиот натпревар.

Лига на Шампиони
Борусија Дортмунд беше на чекор до сензација, имаше водство од 2-0 по првото полувреме и неколку фантастични можности да го шокира Реал Мадрид до крајот на натпреварот.
 
На крајот Кралевите се радуваа на полуфинале, а Јирген Клоп е горд на своите играчи за прикажаното на теренот.
 
„Кога се поздравив со нашиот повреден играч Невен Суботиќ по натпреварот, тој ми кажа колку е горд што е дел од овој тим и токму така се чувствувам и јас" - вели Јирген Клоп.
 
„Едноставно можете да го извадите видеото од овој натпревар и да им го покажувате на сите тимови кои имаат негатива од 3-0 по прв натпревар".
 
„Моите фудбалери сакаа да играат во полуфинале, не можевме тоа да го покажеме во Мадрид, но тука го покажавме 100%. Бевме многу подобар тим и требаше да постигнеме повеќе голови, но поради нашите фантастични перформанси нема да посочувам виновници овој пат".
 
„Ова беше навистина посебна ноќ".