24фудбал

Анчелоти: Одбраните на Икер беа клучни

Карло Анчелоти вели дека Реал Мадрид имал големи проблеми на гостувањето во Дортмунд, и го посочи Икер Касиљас како еден од клучните играчи за прогрес во полу-финалето

Лига на Шампиони

’Кралевите’ минатата недела лесно со 3-0 славеа над Борусија Дортмунд во првиот натпревар, па многумина го видоа Реал со едната нога помеѓу четирите најдобри.

Но ’Милионерите’ не се откажаа, избраниците на Јирген Клоп вчера одиграа одличен натпревар и во првото полувреме успеаа да постигнат два гола.

Им недостасуваше уште еден погодок за анулирање на предноста на Реал, но стативата и добрите интервенции на Икер Касиљас не го дозволија тоа.

„Загубивме премногу топки во првиот дел” – вели Карло Анчелоти. „И токму тоа го врати во игра противникот одново го отвори двомечот”.

„Но во вториот дел успеавме да се прегрупираме и да обезбедивме пласман во полу-финалето“.

„Задоволни сме од прогресот помеѓу четирите најдобри, но не ми се допадна начинот на кој го обезбедивме”.

„Загубивме многу топки. Добра работа е што не ги загубивме главите”.

„Во првото полувреме бевме спори, правевме грешки, и ни недостасуваше самодоверба по промашениот пенал. Во тој период од играта бевме малку исплашени. Првото полувреме беше многу тешко”.

Запрашан што им кажам на играчите на паузата, стратегот одговори: „Немаше потреба за строг говор, играчите беа тажен и беше потребно да ги охрабрам. Се обидов да го сторам тоа”.

„Во вториот дел направивме и мала тактичка промена. Бејл се префрли на десната страна а Иско на левата, па малку се подобрија работите”.

За перформансите на Икер, Анчелоти рече: „Тој имаше неколку фантастични одбрани во клучеи момент од средбата”.

„Касиљас имаше одличен натпревар. Неговото влијание врз исходот беше огромно”.