24фудбал

Блан: Разочарани сме

Тренерот на ПСЖ, Лоран Блан не го крие разочарувањето по синоќешниот пораз, но вели дека загубиле од многу добар тим.

Лига на Шампиони
ПСЖ минути го делеа од пласман во полуфиналето од Лигата на Шампионите, но тимот на Лорен Блан не издржа, прими гол во 87. минута и доживеа елиминација.
 
„Постои разочарување, тоа е јасно. Но мора да имаме предвид дека се боревме со многу добар тим" - вели Блан.
 
„Има неколку работи кои не ни одеа како што треба вечерва, но имавме и добри моменти. Мислам дека можевме да постигнеме гол од контра и да го решиме победникот, но не го направивме тоа. Челзи веруваше и на крајот тоа им се исплатеше".
 
„Можевме да одиме во полуфинале, но за жал Челзи ќе игра таму. Според мене ова беше изедначен двобој. Во двата меча многу мали разлики го решија победникот".