24фудбал

Мурињо: Не трчав да прославам, трчав да им ја кажам тактиката

Жозе Мурињо вели дека по постигнувањето на победничкиот гол не трчал да прослави со фудбалерите, трчал да им ги каже тактичките промени на Демба Ба и Фернандо Торес.

Лига на Шампиони
Во натпревар со неверојатен финиш Челзи успеа да дојде до победа од 2-0 над ПСЖ и да се пласира во полуфиналето од Лигата на Шампионите.
 
Еден од моментите кои ќе се паметат од овој натпревар е тркот на Мурињо од клупата до корнер знаменцето каде што славеа неговите фудбалери.
 
„Тоа не беше прослава. Трчав за да им кажам на Фернандо и Демба промени во тактиката, бидејќи начинот на кој игравме беше многу ризичен" - изјави Мурињо.
 
„На Демба му реков да игра пред дефанзивната линија, бидејќи Алекс е опасен во скок играта, а на Торес му реков да внимава на Максвел".
 
„Бевме подготвени за се, трениравме на три начини и сите ги употребивме, трениравме онака како што почнавме, трениравме да играме без Лампард и трениравме како да одиграме со тројцата напаѓачи заедно".
 
„Имавме шанси да го завршиме натпреварот многу порано, на почетокот од второто полувреме, но не успеавме, потоа тие беа контрадикторни на она што го рекоа пред натпреварот, играа само на контра напад и се бранеа".
 
„Кога противникот се брани со сите играчи тешко е да се влезе во шеснеасетникот, но успеавме. Моите фудбалери одиграа со срце и ја заслужија победата, а тимот кој се бранеше беше казнет".