24фудбал

Фото: Вака ќе изгледа новиот стадион на Пелистер

Денеска во Битола беше одржана презентација на проектот за изградба на нов современ стадион со капацитет од 12 000 гледачи.

Македонија
Битола конечно ќе добие стадион каков што заслужува, во присуство на голем број граѓани, спортисти, навивачи и претставници на спортски клубови, се одржа презентација на проектот за изградба на новиот стадион.
 
Новиот фудбалски стадион во Битола ќе биде изграден според меѓународни стандарди, според критериумите на ФИФА и УЕФА тој ќе биде класифициран во стадион од втора категорија на кој ќе може да игра и македонската фудбалска репрезентација.
 
„Направивме повеќе анкети и истражувања и дојдовме до констатацијата дека оптималната варијанта за Битола е 12 000 гледачи – стадион којшто ќе се постави на 4 трибини. На стадионот ќе бидат изградени три нови трибини и ќе се реконструира сегашата јужна трибина" - изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
 
„Ќе изградиме фудбалски стадион кој Битола од Хераклеја до денес никогаш го немала. На 1 јуни целиот проект ќе го добиеме во општина Битола, по што ќе започне следната фаза на реализација на фудбалскиот стадион под Тумбе кафе".
 
„Најголемата инвестиција и содржини се поврзани со северната трибина која чини околу 50% од целиот проект, односно 4,5 милиони евра, додека вредноста на целиот стадион е околу 8 милиони евра. За изградба на новиот стадион планираме да отвориме и посебна донаторска жиро сметка затоа што очекуваме поддршка од стопанствениците но и од македонците во странство".
 
 
 
 
 
 
 
*Преземено од сајтот на Општина Битола