24фудбал

Каљари го отпушти Диего Лопез

Каљари му врачи отказ на тренерот Диего Лопeз по синоќешниот пораз од Рома со кој тимот е седум бода над опасната зона.

Италија
Поранешниот фудбалер на Каљари, Лопез, девет месеци беше на кормилото на клубот, но сопственикот на клубот е еден од оние кои многу често ги менуваат тренерите, па во последните 22 години ова е 36 негова тренерска смена.
 
„ФК Каљари информира дека се раздели со Диего Лопез" - стои во соопштението на Каљари.
 
„Потребата да му дадеме на овој тим подобар правец до крајот на сезоната и да обезбедиме опстанок, доведе до промената на клупата на првиот тим".
 
„Оваа одлука беше екстремно болна бидејќи Лопез беше голем професионалец и во минатото беше наш капитен".
 
„Клубот би сакал да му се заблагодари на тренерот за неговата работа и да му посака се најдобро во понатамошната кариера".