24фудбал

Тохир: Не сме заинтересирани за Евра

Ерик Тохир вели дека Интер не е заинтересиран за Патрис Евара, и сугерира дека Бакари Сања ќе остане во Премиер лигата

Италија

’Нероаѕурите’ веќе се засилија со Немања Видиќ, а медиумуте најавуваат дека на Џузепе Меаца летоска ќе пристигнат уште неколку имиња.

Фернандо Торес, Един Џеко, Алваро Мората, Патрис Евра и Бакари Сања се дел од фудбалерите со кои се поврзува Интер.

Ерик Тохир попладнево пристигна во Милано, и трансфер пазарот беше најинтересната тема за новинарите.

Сопственикот на Интер вели дека не е остварен контакт со Патрис Евра, и сугерира дека Бакари Сања најверојатно нема да се пресели во Милано, и ќе остане во Премиер лигата.

„Торес, Џеко и Мората? Кажав само дека ги слушнав овие имиња благодарејќи на медиумите, и дека еден од нив би можел да биде од корист на Интер” – рече бизнисменот од Индонезија.

„Потребен ни е играч од топ класа кој ќе не однесе на следното ниво”.

„Евра и Сања? Никогаш не сме оствариле контакт со Евра. Заинтересирани сме за Сања бидејќи ни е потребен баланс на тимот. Во моментов ги имаме само Нагатомо и Жонатан. Доколку еден од нив се повреди, потребен е некој да го надополни отсуството”.

„Но доколку Сања одлучи да остане во Англија, ќе ја разбереме неговата одлука и тогаш би можеле да промовираме некој млад играч од академијата”.

Се говори дека Интер би можел да го продаде голманот Самир Хандановиќ со цел да се приберат пари за засилување на тимот, а на негово место да пристигне талентираниот Франческо Барди, кој во моментов е на позајмица во Ливорно.

„Не планираме Барди да пристигне на местото од Хандановиќ, но добро е да се има двајца квалитетни голмани”.