24фудбал

Гвардиола: Заминав од Барса бидејќи повеќе не можев да ги мотивирам играчите

Поранешниот предводник на Барселона, Пеп Гвардиола вели дека една од причините за напуштање на Камп Ноу е неможноста повеќе да ги мотивира играчите

Шпанија

Стратегот имаше четири успешни сезони на кормилото на ’Каталонците’, но реши да замине по истекот на неговиот договор во 2012.

Пеп Гвардиола со autopista.es разговараше за времето поминато на тренерското столче на Барселона, и посочи дека една од причините за неговото заминување е неможноста повеќе да ги мотивира играчите.

Тој исто така ја посочува елиминацијата од Челзи во полу-финалето од Лигата на Шампионите, како еден од најтажните моменти во неговата тренерска кариера на Камп Ноу.

„Имаше неколку тажни моменти, а еден од нив е полу-финалната пресметка со Челзи во 2012 во Лигата на Шампионите” – рече Пеп.

„Бевме многу подобри од нашиот противник, но примивме еден непотребен гол, и пред да се освестиме, бевме елиминирани”.

„Тоа беше голем пораз за мене. Чувствував дека повеќе не сум способен да го кренам мојот тим”.

„Дали ова придонесе да заминам? Да, доколку не можете да ги мотивирате играчите, како тренер, знете дека дошло време да заминете“.

За успехот што го забележа со ’Каталонците’, тој рече: „Освоивме 14 титули за 4 години, забележавме голем успех“.

„Тоа беше најдобриот период во историјата на Барселона. Но успехот носи и проблеми, ми беше тешко да се мотивирам себеси и мојот тим“.

Откако замине од Барселона, Пеп Гвардиола една година одмараше од фудбалот.

„За да предводите еден тим, потребна ви е огромна енергија. Со други зборови, има времиња кога е потребно да ги наполните батериите”.

„Токму тоа го сторив кога направив една година пауза и живеев во Њу Јорк. Тоа беше многу важно за мене и за моето семејство”.

Пеп исто така вели дека, спротивно на верувањата на голем број луѓе, не е лесно да се предводи тим полн со ѕвезди.

„Често кога имате тим со голем број на ѕвезди, како што е случајот со Баерн Минхен и мојот поранешен тим Барселона, често можете да се најдете во ситуација каде големиот избор може да биде деструктивен”.

„Сите сакаат да играат, но на теренот можат да истрчаат само единаесетмина. Сигурно нема да им се допадне мојата одлука на луѓето кои нема да бидат стартери”.

„Тука е и притисокот од медиумите и фановите, за тоа каков избор на играчи сте направиле”.

„На пример, кога ќе го оставев Меси на клупа, се правеше голема збрка”