Самсоненко го купи Вардар

Рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко за сума од 81 000 евра ги купи акциите од Град Скопје и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и стана сопственик на ФК Вардар.
Самсоненко беше единствениот кој достави понуда за купување на акциите на Вардар на јавниот повик на Град Скопје и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.
 
Рускиот бизнисмен ќе биде обврзан во наредните десет години да вложува по минимум милион евра годишно во ФК Вардар, но најавите се дека вложувањата ќе бидат многу поголеми.
 
Се очекува Самсоненко да именува комплетно нова раководна структура, а се шпекулира дека Ѓоко Хаџиевски ќе биде назначен за нов тренер.
 
Бројни промени се очекуваат и во играчкиот кадар кој за почеток ќе има задача да ја одбрани шампионската титула, а една од основните цели во иднина е Вардар да има многу позабележителни настапи во фудбалска Европа.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Среда

10.12.2014

 

МТВ 1, 20:45

Лига на Шампиони: Рома - Манчестер Сити

 

Четврток

11.12.2014

 

МТВ 1, 21:05

Лига Европа: Севиља - Риека

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Анкета

Кој треба да ја добие ’Златната Топка’?

Вкупно гласови: 314
Роналдо [62.10%, 195 гласови]
Меси [23.25%, 73 гласови]
Нојер [14.65%, 46 гласови]