24фудбал

Нема место за Меси и Барса во УЕФА тимот на годината

Европската куќа на фудбалот попладнево го објави идеалниот тим за 2013 што го одбраа посетителите на UEFA.com, во него нема место за Лео Меси и Барса

Останато

За најдобриот тим во 2013 гласале повеќе од 525 000 посетители и биле доделени рекордни 6,3 милиони гласови.

Во тимот најмногу претставници има актуелниот германси и европски шампион, Баерн Минхен, а за прв пат од 2003, во идеалниот тим нема играч на Барселона.

Посетителите на UEFA.com се определиле за формација 4-4-2, на голот е Мануел Ноер, а во одбраната Филип Лам, Серхио Рамос, Тиаго Силва и Давид Алаба.

Средниот ред го сочинуваат Марко Ројс, Герет Бејл, Месут Озил и Франк Рибери, а во нападот се најдоа Златан Ибрахимовиќ и Кристијано Роналдо.