24фудбал

Рома го ангажираше Наинголан

’Римската Волчица’ стигна до услугите на Раџа Наинголан од Каљари, фудбалерот од средниот ред пристигнува во Рим на позајмица до крајот на сезоната

Италија

Репрезентативецот на Белгија подолго време се поврзуваше со заминување од Сардинија, за неговите услуги интерес пројавија речиси сити топ клубови од Италија.

Јувентус, Милан, Интер, Наполи и Рома беа посочени како следна дестинација на Раџа Наинголан, а битката за неговиот потпис ја доби ’Римската Волчица’.

Рома и Каљари вчера постигнаа договор, а во доцните вечерни часови играчот потпиша за тимот од главниот град на Италија.

25 годишниот фудбалер од средниот ред се сели на Олимпико на позајмица до крајот на сезоната, зделка од која Каљари ќе инкасира 3 милиони евра.

’Римската Волчица’ исто така има опција да го направи перманентен трансферот на Раџа Наинголан, и пред почетокот на сезоната 2014/15 да купи 50% од сопственоста на играчот за 6 милиони евра.

„Рома и Каљари постигнаа договор вреден 3 милиони евра за позајмица на Раџа Наинголан до крајот на сезоната” – гласеше известувањето на ’Џалоросите’.

„Договорот исто така обезбедува и опција за перманентен трансфер, Рома ќе може да купи 50% од сопственоста на играчот за 6 милиони евра”.

„Раџа Наинголан стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2018”.