Џовани Трапатони го продолжи договорот со Република Ирска

Селекторот на Република Ирска постигна согласност за нов две годишен договор со важност до 2014 година.
Искусниот италијански стратег ја однесе Република Ирска на Европското првенство 2012, по овој успех му бил понуден нов договор кој Трапатони го прифатил.
 
Ирскиот бизнисмен Денис О'Брајан кој го помага финансискиот аспект од договорите, се сложил да ја продолжи поддршката, нешто што било клучно околу понудата за Трапатони.
 
"Фудбалската Федерација на Р. Ирска, е среќна што може да објави дека е постигната согласност за продолжување на договорот со Џовани Трапатони и неговите соработници Марко Тардели и Фаусто Роси" - изјави извршниот директор на федерацијата Џон Деланеј.
 
"Тие извршија фантастична работа до сега, успевајќи да ја внесат селекцијата на едно големо натпреварување за прв пат по десет години и да не однесат до 21. место на ФИФА ранг листата".
 
"Искуството на Џовани, неговиот професинализам и достигнувањата, пласманот на ЕВРО 2012, ги оставија импресионирани сите вклучувајќи ги фудбалерите и бордот на фудбалската федерација".
 
Задоволството од ваквиот развој на настаните не го криеше ниту Џовани Трапатони.
 
"Многу сум среќен што ја продолжувам мојата работа тука. Од секогаш му велев на Марко дека ѕврсто верувам во работата која ја правиме, во развојот и напредокот на ирскиот тим".
 
"Голема чест и привилегија е да се претставува ирскиот тим и гледаме напред кон следните предизвици".
 
Наредната цел на Трапатони ќе биде да ја пласира Република Ирска на Светското првенство во Бразил 2014.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]