24фудбал

Суарез: Останувам во Ливерпул до крајот на сезоната

Луис Суарез вели дека во моментов е среќен на Енфилд и планира да остане во Ливерпул до крајот на сезоната

Англија

Репрезентативецот на Уругвај беше трансфер цел на Арсенал во летниот преоден рок, ’Топџиите’ испратија две понуди, но Ливерпул не сакаше да слушне за продажба на напаѓачот.

Медиумите и понатаму шпекулираат за иднината на Луис Суарез, се говори дека Реал Мадрид во јануари ќе достави мега понуда за услугите на играчот.

Сепак, самиот фудбалер вели дека е среќен на Енфилд и планира да остане во Ливерпул до крајот на сезоната.

Во интервју за Marca тој рече: „Кога се чувствуавм среќен надвор од теренот, прикажувам добри игри”.

„Се чувствувам како дома во Премиер лигата, ова е најдоброто првенство во светот”.

„Среќен сум тука, ќе останам во Ливерпул до крајот на сезоната”.

Луис Суарез ги пропушти првите пет натпревари од сезоната поради суспензија, но и покрај тоа, во моментов тој е најдобар стрелец во Премиер лигата со 13 погодоци на девет натпревари.

На вчерашната средба со Норич, напаѓачот во четири наврати се запиша во листата на стрелците.

„Ги постигнувам овие погодоци за да надохнадам за пропуштените натпревари, за поголема самодоверба и да му помогнам на тимот”.

Запрашан кои се целите на Ливерпул оваа сезона, тој одговори: „Главната цел е пласман во топ четири и обезбедување настап во Лигата на Шампионите”.

„Ќе му помогнам на Ливерпул да се врати во најелитното европско натпреварување”.

bet365