24фудбал

Пирло разгледува понуди од повеќе клубови

Договорот на Андреа Пирло истекува во јуни, тој ја разгледува понудата од Јуве за продолжување на соработката, но има опции и за преслба во Премиер лигата.

Италија

Пирло има 34 години но сеуште е еден од најдобрите играчи во светот на својата позиција.

Италијанецот ќе продолжи да игра, но не знае дали тоа ќе биде во Јувентус или на друго место.

„Ќе видиме дали ќе продолжам со Јуве или ќе заминам во некој друг тим, но отфрлам ниту една можност" - изјави Пирло.

Се шпекулира дека Челзи, Тотенхем, Арсенал и Манчестер Јунајтед подготвуваат понуди за Пирло кој во јуни ќе биде слободен агент.

Според Gazzetta dello Sport, Јуве му нуди на Пирло две годишен договор со плата од 4 милиони евра по сезона плус бонуси во зависност од перформансите.

Daily Star пишува дека Тотенхем е фаворит во трката, Спарси му нудат три годишен договор со плата од 5 милиони евра по сезона.