24фудбал

Давид Бабунски: Пресреќен сум за победата

Големиот македонски талент, Давид Бабунски е пресреќен за победата над Азербејџан и за првиот настап заедно со својот брат Дориан.

Македонија

Македонската селекција до 21 година синоќа со 1-0 славеше над соодветната репрезентација на Азербејџан со што ја забележа првата победа во квалификациите за ЕП.

Натпреварот го одбележа прекрасниот погодок на Дарко Велковски со кој дојдовме до трите бода, но и доминацијата на теренот на Давид Бабунски кој уште еднаш ја презентираше својата класа.

За прв пат заедно за репрезентацијата Давид настапи со неговиот брат Дориан кој одигра 60 минути од натпреварот.

„Пресреќен сум за победата од 1-0 и за одличната игра на тимот! Исто така и за играњето за прв пат со мојот брат Дориан Бабунски! Ви Благодарам за поддршката, одиме со Норвешка во вторник" - објави Давид на својот фејсбук профил по натпреварот.

Во вторник од 19:30 на Филип Втори Арената, Македонија ја пречекува селекцијата на Норвешка и ќе се обиде да дојде и до втората победа во квалификациите.