24фудбал

Македонија подобра од Азербејџан

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра одличен натпревар против Азербејџан и со прекрасен гол на Дарко Велкоски дојде до победа од 1-0.

Македонија

Македонија ја забележа првата победа во квалификациите за Европското првенство, избраниците на Бобан Бабунски славеа над Азербејџан со 1-0.

Младите предводени од фантастичниот Давид Бабунски создадоа повеќе шанси за погодок, беа подобри во текот на целиот натпревар и сосема заслужено дојдоа до трите бода.

Особено бевме надмоќни во првиот дел кога Трајковски, Давид Бабунски и Алијоски пропуштија убави можности за водство.

Клучниот момент се случи во 69. минута кога нововлезениот Дарко Велкоски постигна прекрасен гол за водство на Македонија од 1-0.

На овој натпревар во селекцијата до 21 година дебитираше Дориан Бабунски кои одигра 60. минути.

Следниот натпревар е веќе во вторник против селекцијата на Норвешка.

На овој дуел за Македонија настапија: Димитриевски, Ристовски, Алијоски, Драгарски, Најдоски, Блажевски (Велковски), Мицевски, Давид Бабунски, Дориан Бабунски (Наумчевски), Николов (Ашковски), Трајковски.