24фудбал

Ибрахимовиќ: Фановите сакаат повеќе да ме видат мене на СП во Бразил отколку Роналдо

Ѕвездата на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ смета дека тој повеќе му е потребен на Светското првенство отколку Кристијано Роналдо.

СП 2014
Денес се играат првите рунди од бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Бразил.
 
Шведска се среќава со Португалија а тоа значи дека Мундијалот ќе биде осиромашен за една голема ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ или Кристијано Роналдо.
 
„Мислам дека на Светското првенство Златан му е потребен повеќе отколку Роналдо" - коментира Швеѓанецот во негов стил.
 
„Возбудата која јас можам да ја внесам во натпреварот и головите кои јас можам да ги постигнам, никој не може да ми биде рамен во тоа. Верувам дека фановите би сакале да ме гледаат мене повеќе од било кој друг".
 
„Го почитувам Роналдо како фудбалер, тој е еден од најдобрите. На Светското првенство му требаат најдобрите фудбалери".
 
„Доколку Роналдо, Нејмар, Руни, Меси, Чави... недостасуваат, тоа е штета за првенството. Штета е за Мундијалот што јас или Роналдо нема да бидеме во Бразил".
 
„Треба да дадам се од себе на престојните два натпревари и да направам тој да не оди во Бразил, не јас".