24фудбал

El Mundo Deportivo: Бабунски, исклучителен случај во историјата на фудбалот

За шпанските медиуми интересен е случајот Бабунски, синовите Давид и Дориан ќе играат под водство на нивниот татко Бобан во репрезентацијата на Македонија до 21 година.

Македонија
Репрезентацијата на Македонија до 21 година ќе биде единствен случај во историјата на фудбалот бидејќи таткото ќе биде селектор на своите синови, пишува каталонскиот El Mundo Deportivo.
 
Двајцата големи македонски таленти, Давид и Дориан за прв пат ќе играат заедно во селекцијата на Македонија.
 
Давид кој настапува за Барселона Б, и Дориан кој го носи дресот на младинците на Реал Мадрид, и претходно беа интересни за шпанските медиуми бидејќи постои можност во иднина да бидат првите браќа кој ќе настапат на Ел Класико во спротивни табори.
 
Пред Македонија У21 се два важни натпревари од квалификациите, на 15. играме против Азербејџан, четири дена подоцна се среќаваме со Норвешка, и двата дуели се играат на Филип Втори Арената.