24фудбал

Меси ’во аут’ два месеци

Барселона соопшти дека Лео Меси поради повреда на задната ложа на левата нога ќе паузира помеѓу шест и осум недели

Шпанија

Репрезентативецот на ’Гаучосите’ на вчерашниот дуел со Бетис на теренот помина само 20 минути, и мораше да биде замент со Андрес Иниеста откако се пожали на болки во мускулот.


Утрово врз Лео Меси биле извршени серија на тестови, а ’Каталонците’ попладнево соопштија дека играчот има исекотина на задната ложа на левата нога.

Лекарскиот тим на Барса предвидува дека напаѓачот ќе биде надвор од стројот помеѓу шест и осум недели.

Неговиот процес на рехабилитација ќе се одвива во две фази, првата фаза во Барселона, а втората во Буенос Аирес.

Ова е трета повреда за Аргентинецот оваа сезона, во август тој заработи повреда на задната ложа на левата нога, а во септември ја повреди задната ложа на десната нога.