24фудбал

Барса ја зголеми предноста на врвот, Меси се повреди

Барселона со 4-1 славеше на гостувањето кај Бетис и ја зголеми предноста пред Атлетико Мадрид кој ремизираше на гостувањето кај Виљареал, Меси поради повреда пред време го напушти натпреварот.

Шпанија
Барселона ја оправда улогата на фаворит и рутинирано со 4-1 победи на гостувањето кај Бетис.
 
Црна дамка на победата беше повредата на Меси кој во 22. минута мораше да го напушти натпреварот а на негово место влезе Иниеста.
 
Резултатот го отвори новата ѕвезда на Барса, Нејмар кој реализираше по асистенција од Фабрегас во 35. минута.
 
Само две минути подоцна Педро го зголеми резултатот на 2-0, а Фабрегас со два гола во второто полувреме го дотолчи противникот.
 
Почесниот гол за Бетис беше дело на Молина од пенал во 92. минута од натпреварот.
 
Атлетико Мадрид поведе уште во 2. минута со автогол на Марио на дуелот против Виљареал, но не успеа да слави нова победа.
 
На сличен начин како и гостите, Жолтата Подморница со автогол успеа да го изедначи резултатот, Хуанфран во 79. минута ја затресе сопствената мрежа за конечни 1-1.
 
Нов кикс на Валенсија, овој пат не успеаа да го победат Ваљадолид на свој терен.
 
Енвер Банега во 5. минута не успеа да реализира пенал, а казната стигна само четири минути подоцна кога Гуера донесе водство за Ваљадолид.
 
Сепак Пабон во 29. минута изедначи и ја врати надежта на Валенсија.
 
По пет минути игра во второто полувреме Гарсија носи ново водство за Ваљадолид, но Фегули на 15 минути до крајот ја спасува Валенсија од пораз.
 
Севиља славеше гостинска победа кај Еспањол со 3-1.