24фудбал

Без победник на Сан Сиро, Милан - Барса 1:1

Големото дерби помеѓу Милан и Барселона заврши без победник 1-1, Селтик беше подобар од Ајакс.

Лига на Шампиони

Милан и Барса одиграа возбудлив натпревар на Сан Сиро кој заврши нерешено.

Росоњерите тргнаа офанзивно кон голот на Валдес и тоа веднаш вроди со плод, уште во 9. минута Милан поведе со 1-0, грешка на Маскерано, Кака додаде до Робињо кој реализираше за водство.

Но, Барселона брзо се врати во игра, ја превзема иницијатива, Милан се повлече по водечкиот погодок, но не издржа многу.

Во 24. минута Лео Меси го изедначи резултатот на 1-1.

Доминацијата на Барселона продолжи, Каталонците имаа шанси и за комплетен пресврт, но и Милан имаше свои моменти и можеше да дојде до победата.

Селтик ја искористи предноста на свој терен и дојде до победа против Ајакс од 2-1.

Домаќините дојдоа во водство со гол на Форес од пенал пред крајот на првото полувреме.

По десет минути игра во вториот дел Кајал реализираше за 2-0, а Ајакс успеа само да го ублажи поразот во 94. минута од натпреварот.