24фудбал

Кака ќе биде стартер против Барселона?

Италијанските медиуми пишуваат дека Рикардо Кака ќе го започне големиот дерби натпревар од Лигата на Шампионите против Барселона.

Лига на Шампиони
Кака само што се врати од повредата поради која има одиграно само 88 минути за Милан откако се врати на Сан Сиро.
 
Но италијанските медиуми, вклучувајќи го и Gazzetta dello Sport објавуваат дека Алегри вечерва ќе стартува со Кака.
 
Според нив Милан ќе игра во формација 4-3-3, а Кака, Бирса и Робињо ќе го формираат офанзивното трио.
 
Веројатниот состав на Росоњерите е: Амелија, Абате, Мексес, Запата, Констант, Монтоливо, Де Јонг, Мунтари, Бирса, Робињо, Кака.