24фудбал

Мартино: Играме против тим со голема традиција

Тренерот на Барса, Тата Мартино има голема почит кон Милан, очекува тежок натпревар на Сан Сиро и се надева на добар резултат кој ќе им овозможи порано да обезбедат пласман во 1/8 финалето.

Лига на Шампиони

Утре Барселона му гостува на Милан во натпревар од Лигата на Шампионите, а потоа следува Ел Класико дуелот против Реал Мадрид.

Тата Мартино вели дека неговите фудбалери се комплетно фокусирани на натпреварот со Милан, и дури по неговото завршување ќе размислуваат на Реал Мадрид.

„Милан ќе игра на победа, тие се тим со голема традиција, тие се институција, мораме комплетно да бидеме фокусирани, па од среда ќе може да размислуваме на Реал Мадрид" - вели Мартино.

„Ова ќе биде тежок натпревар. Се соочуваме со многу значаен клуб, чувствуваме голема одговорност, но чувството е исто за секој натпревар".

„Ова ќе биде недела со големи натпревари за нас, но не и пресудни за сезоната, бидејќи таа е долга и пред нас има уште многу натпревари".

„Но знаеме дека ако оствариме добар резултат утре, практично ќе бидеме во следната фаза. Не смееме да му дадеме многу простор за игра на Милан и треба да го спречиме нивниот контра напад".