24фудбал

Алегри: Барса е најдобриот тим во светот, но можеме да ги победиме

Масимо Алегри посакува неговите фудбалери да ја повторат играта од минатата сезона кога Милан ја победи Барселона на Сан Сиро.

Лига на Шампиони

Утре се игра дерби натпреварот помеѓу Милан и Барселона, нов дуел на великаните во Лигата на Шампионите.

Масимо Алегри верува дека неговите фудбалери можат да ја победат Барселона која според него е најдобриот тим во светот.

„Тоа ќе биде фасцинантен натпревар за сите. За да ги освоиме трите бода и да си ги зголемиме шансите за следната рунда треба да играме мотивирано и пожртвувано против најдобриот тим во светот" - вели Алегри.

„Грешките треба да ги сведеме на минимум. Барселелона повеќе од нас ќе ја има топката, па ќе треба да одиграме како минатата сезона (Милан победи со 2-0)".

„Марио Балотели е подобар, ќе видиме дали ќе може да настапи. Мексес и Де Јонг можат да играат. Се надеваме дека Де Шиљо ќе го имаме за натпреварот против Парма".