24фудбал

Рома еден месец без Тоти

Поради повреда на бутниот мускул, капитенот на Рома, Франческо Тоти околу еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени.

Италија

Тоти поради повреда пред време го заврши дерби натпреварот против Наполи кој Рома го доби со 2-0.

Информациите од Рома велат дека Тоти ќе паузира најмногу еден месец.

Капитенот ќе ги пропушти натпреварите против Удинезе и Киево, а ќе биде неизвесен за дуелите против Торино и Сасуоло.