24фудбал

Бернард: Имам понуди од неколку англиски клубови

Целта на Арсенал, младиот бразилски фудбалер Бернард открива дека повеќе клубови од Премиерлигата се интересираат за него.

Англија
20-годишниот фудбалер беше дел од тимот на Алтетико Минеиро кој ноќеска дојде до триумф во Копа Либертадорес.
 
Бернард во последниот период е следен од многу европски скаути и речиси е сигурно дека од следната сезона ќе настапува на европскиот континент.
 
Арсенал се посочува како следната дестинација на Бернард, но тој вели дека има понуди и од други клубови.
 
„Има понуди од неколку клубови од Англија, како и од Шахтјор и Порто" - вели Бернард.
 
„Ќе продолжам да работам се додека бордот не одлучи нешто за трансферот".
 
„Не знам што ќе се случи со мене, но доколку заминам, знам дека сум ја завршил успешно мојата работа тука".