24фудбал

Видео: Атлетико Минеиро триумфираше во Копа Либертадорес

Атлетико Минеиро е новиот владател на Јужна Америка, тимот од Бело Хоризонте стигна до првиот трофеј во Копа Либертадорес откако утрово по изведувањето на пенали славеше во дуелот со Олимпија

Јужна Америка

На првиот натпревар што минатата недела се одигра во Асунсион, Олимпија забележа победа од 2-0 и се чинеше дека клубот од Паргвај е многу блиску до триумф во Лигата на Шампионите на Јужна Америка.

Сепак, Атлетико Минеиро успеа да ја надополни негативата, да остане посмирен во пенал рулетот и на крајот да се радува на првиот трофеј од Копа Либертадорес.

По едно изедначено прво полувреме без голови, резултатот го отвори Жо во 46. минута.

Роналдињо нафрли од десната страна, одбраната на гостите реагираше лошо и му овозможи на напаѓачот на Атлетико Минеиро да донесе предност од 1-0.

Во 85, минута гостите останаа со играч помалку откако Манзур доби втор жолт картон, а две минути подоцна Леонардо Сила со глава зголеми на 2-0 со што Атлетико Минеиро ја анулираше негативата од првата средба и го однесе натпреварот во продолженија.

Во екстра периодот немаше погодок па за новиот шампион на Јужна Америка решаваа пеналите.

Домаќините беа посконцентрирани ги погодија своите пенали додека пак Миранда и Хименез промашија за Олимпија, па на крајот Атлетико Минеиро се радуваше на првиот трофеј во Копа Либертадорес.