24фудбал

Арсенал ја добива трката за Бернард

Според пишувањата на L’Equipe, талентираниот Бразилец, Бернард во петок ќе замине на лекарски прегледи со Арсенал

Англија

20 годишниот офанзивен фудбалер важи зе еден од поголемите таленти во Јужна Америка, и го привлече вниманието на голем број клубови од Европа, помеѓу кои Тотенхем, Арсенал, Ливерпул, Порто, Борусија Дортмунд, Шахтјор.

Последните извештаи велат дека Арсенал ја добива трката за потписот на Бернард, L’Equipe пренесува дека фудбалерот во петок ќе замине на лекарски прегледи со ’Топџиите’.

Во среда Бернард ќе го одигра последниот натправар за Атлетико Минеиро, реванш средбата против Олимпија Асунсион во финалето од Копа Либертадорес.

По овој натпревар, играчот ќе отпатува во Лондон за да го комплетира трансферот на Емирати Стадионот.