24фудбал

Шпанија сигурна против Нигерија, Уругвај ревијално против Тахити

Шпанија со 3-0 ја совлада селекцијата на Нигерија, Уругвај со убедливи 8-0 славеше над Тахити и го завери пласманот во полуфиналето.

Останато
Селекцијата на Шпанија рутинирано без никакви проблеми ја помина групната фаза и многу убедливо се пласираше во полуфиналето.
 
Синоќа Црвената Фурија со 3-0 славеше над Нигерија.
 
Резултатот беше отворен по само 3. минути игра кога Алба реализираше за водство на Шпанија од 1-0.
 
Во 62. минута, нововлезениот Торес со глава погоди за зголемување на водството на 2-0.
 
Пред самиот крај на натпреварот, во 88. минута Алба со својот втор погодок на натпреварот ги постави конечните 3-0.
 
Уругвај осум пати стрелаше прецизно во мрежата на Тахити.
 
Хернандез беше најефикасен постигнувајќи четири погодоци.
 
Луис Суарез реализираше два пати, а по еднаш погодија Перез и Лодиеро.
 
Во полуфиналето ќе играат Шпанија - Италија и Бразил - Уругвај.