24фудбал

Ел Шарави: Сити? Останувам во Милан

Стефан Ел Шарави вели дека е среќен на Сан Сиро, напаѓачот не сака да замине од Милан во летниот трансфер период

Италија

Медиумите од Италија пренесуваат дека ’Граѓаните’ се подготвени да платат 25 милиони евра и да го понудат Карлос Тевез со цел да дојдат до услугите на Стефан Ел Шарави.

Италијанскиот репрезентативец е поласкан што неговото име се поврзува со Манчестер Сити, но вели дека не сака да замине од Сан Сиро.

„Доколку Сити навистина ме сака, поласкан сум” – рече ’Фараонот’ за La Repubblica.

„Но јас сакам да останам на Сан Сиро. Мислам дека нама да го напуштам Милан”.

„Среќен сум тука, приврзан сум за ’Росоњерите’. Сите во Милан, управата на клубот, тренерот и соиграчите имаат доверба во мене,”.

На оваа тема се огласи и потпретседателот на Милан, Адриано Галијани кој инсистира дека Ел Шарави нема да биде продаден.

„Кој вели дека Ел Шарави ќе замине? Тој е недопирлив” – рече Галијани.