24фудбал

Клоп: Ова е специјален натпревар

Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп вели дека вечерашниот натпревар е посебен, и доколку тоа биде и единственото негово финале, ќе умре како среќен човек.

Лига на Шампиони

Вечерва на Вембли се игра германско финале од Лигата на Шампионите, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе се борат за големиот пехар.

Баерн Минхен игра во фантастична форма и влегува како фаворит во овој дуел, но Борусија Дортмунд знае како против Баварците, Милионерите не размислуваат за пораз, свесни се дека ќе биде тешко, но не и невозможно.

„Ова е специјален натпревар, најголемиот куп во светот, финале помеѓу два тима од иста земја. Перфектно место против перфектен противник" - вели Јирген Клоп.

„Доколку ова биде моето единствено финале и умрам на 60 години, нема да биде толку лошо".

„Ова е апсолутно специјален натпревар. Во овој момент се чувствувам нормално, но кога ќе почне натпреварот нема да биде така".

„Никој не сака да загуби. Ќе го искористиме нашиот тактички потенцијал за да ги спуштиме на наше ниво, и потоа ќе можеме да ги победиме".

Борусија Дортмунд ќе игра без повредениот Марио Геце кој не се опорави на време за финалниот натпревар.

Јирген Клоп вели дека се подготвувале за настап без Геце кој од следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен.

„Во еден период се надевавме дека тој ќе може да игра. Но, последните три-четири недели очекувавме дека тој нема да игра. Па се подготвувавме така".