24фудбал

Рибери: Посилни сме од Борусија Дортмунд

Френк Рибери верува дека Баерн Минхен има поголеми шанси од Борусија Дортмунд да дојде до трофејот од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Баерн Минхен во голем стил стигна до финалето од Лигата на Шампионите, Баварците имаат импресивна сезона која кулминираше со вкупна победа од 7-0 над Барселона.
 
Баварците се надеваат дека круна на сезоната ќе биде трофејот од Лигата на Шампионите.
 
За кратко време ова е трето финале на Баерн Минхен во најелитното натпреварување, Рибери верува дека сега е моментот за освојување на големиот трофеј.
 
„Бев импресиониран од тоа како Борусија Дортмунд го елиминираше Реал Мадрид во полуфиналето, но ние мислиме само на себе. Посилни сме од нив" - вели Рибери.
 
„Доколку сите сме подготвени и дадеме 100% ќе бидеме сигурни победници. Многу добро ја познаваме Борусија Дортмунд".
 
„Не знам дали некогаш повторно ќе бидеме во финале од Лигата на Шампионите, па затоа сакаме да дадеме се од себе и да го кренеме трофејот".