24фудбал

Македонскиот фан клуб на Баерн Минхен организира следење на финалето од Лигата на Шампионите

Официјалниот македонски фан клуб на Баерн Минхен, ги кани своите членови и сите фанови од Македонија на германскиот шампион, на голем фан собир по повод финалето од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони

Доколку и вие сте симпатизер на тимот на Баерн Минхен тогаш совршено место за гледање на финалето од Лигата на Шампионите за вас ќе биде градскиот плоштад во Скопје, каде што фан клубот на Баерн од Македонија организира голем фан собир.

Од фан клубот најавуваат жестоко навивање и добар помин на сите кои ќе присувствуваат на собирот, па ги повикуваат сите фанови да се појават на градскиот плоштад уште од 19 часот.

Вашето присувство можете да го потврдите на следниов линк.