24фудбал

Рибери: Сакам да ја завршам кариерата во Баерн

Франк Рибери е среќен во Баерн Минхен и вели дека посакува до крајот на кариерата да настапува за Баварскиот тим.

Германија
Рибери веќе шест години е член на Баерн Минхен, Французинот е среќен на Алијанц Арената и не планира да ја промени средината.
 
„Баерн Минхен е машинерија. Навистина е нешто огромно. Горд сум што сум дел од овој клуб. Среќен сум тука, среќна е и мојата фамилија\" - изјави Рибери за L\'Equipe.
 
„Баерн е неверојатен клуб со прекрасни луѓе во него кои го почитуваат она што го правиш. Навистина сакам да ја завршам кариерата тука, сакам да заминам како голем фудбалер\".
 
Рибери е една од клучните алики во составот на Јуп Хејнкес оваа сезона, Баерн Минхен гази на фудбалските терени, потврда за моќта е елиминацијата на Барселона со вкупни 7-0.