24фудбал

Азар го пропушта финалето од Лига Европа

Офанзивниот фудбалер од средниот ред на Челзи, Еден Азар поради повреда нема да биде дел од вечерашното финале од Лига Европа против Бенфика.

Лига Европа

Во финишот од натпреварот против Астон Вила, Азар заработи повреда на бутниот мускул.

Азар отпатува со тимот во Амстердам, но Бенитез синоќа потврди дека тој нема да може да им помогне на соиграчите.

На дуелот со Астон Вила се повреди и Џон Тери, неговиот настап против Бенфика е неизвесен.

„Азар нема да може да настапи" - изјави Бенитез.

„Ситуацијата на Тери е неизвесна, ќе видиме како ќе се чувствува".

„Медицинскиот тим ќе го има последниот збор".