24фудбал

Хумелс: Остварување на сонот

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс не го крие задоволството по пласманот во големото финале од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони

Борусија Дортмунд го елиминираше Реал Мадрид и се пласираше во финалето од Лигата на Шампионите.

Огромен успех на една фантастична генерација на Борусија Дортмунд.

Германците беа подобар противник во 180 минути игра и сосема заслужено ќе се борат за престижниот трофеј.

„На крајот дојдовме до резултатот кој го посакувавме. Знаевме дека доколку постигнат гол, целата публика ќе биде зад нив" - изјави Хумелс по натпреварот.

„Имавме контрола на натпреварот, работите се променија откако тие постигнаа гол, но ја исполнивме целта".

„Финалето е нешто за кое сонувавме. Ова е неверојатно. Сега погледите се свртени кон Вембли".