24фудбал

Суеверните ’Милионери’

Експедицијата на Борусија Дортмунд во Мадрид се сместила во истиот хотел и истите соби каде што престојуваше минатата година кога на Бернабеу одиграа 2-2 во групната фаза од ЛШ

Лига на Шампиони

Во пресрет на вечерашниот реванш натпревар помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во полу-финалето од најелитното европско натпреварување, медиумите од Шпанија пренесуваат за суеверието на гостите од Германија.

Во ноември минатата година, Борусија Дортмунд гостуваше во Мадрид во рамките на групната фаза од Лигата на Шампионите, средбата заврши 2-2, резултат кој им помогна да го обезбедат првото место во групата.

Тогаш, ’Милионерите’ престојувале во хотелот Eurostar Madrid Tower, и во пресрет на сегашната посета на главниот град на Шпанија, од таборот на Борусија Дортмунд решиле одново да се сместат во овој хотел.

Тие исто така имале едно мошне интересно барање, секој фудбалер да спие во истата соба каде што престојувал минатата година.

Управата на хотелот со големо задоволство ја исполнил ваквата желба на ’Милионерите’.