24фудбал

Мурињо: Ова е најважниот натпревар на Реал Мадрид во последните десет години

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо вели дека неговите фудбалери мора да одиграат многу подобро отколку во Дортмунд доколку сакаат да имаат шанси за пласман во финале.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид се соочува со ѓаволски тешка мисија, Кралевите имаат негатива од 4-1 по натпреварот одигран во Дортмунд, и мали се шансите за прогрес во финале.

Но фудбалерите на Реал Мадрид мора да веруваат, да одиграат до последниот здив и да се обидат да го направат истото што го направи Борусија Дортмунд во првиот натпревар.

„Тешко е да се каже математички какви ни се шансите за финале. Веќе им кажав се на моите фудбалери" - изјави Мурињо на прес конференцијата пред натпреварот.

„Најважна работа беше да зборуваме за грешките кои ги направивиме во Дортмунд".

„Во најголемиот број на клубови успехот им припаѓа на сите, а неуспехот на тренерот".

„Понекогаш фудбалот не е фер кон еден тим, но во Дортмунд Борусија заслужи да победи. Но се е возможно".

„Игравме лошо во Дортмунд и тешко е да се верува дека би можело истото да се случи и во Мадрид".

„Психолошката подготовка сега е најважна. Треба да уживаме на теренот иако ситуацијата е тешка".

„Треба да играме од минута за минута, од гол за гол до последниот здив на мечот. Можеби на крајот ќе изгубиме, но нема да имаме никаква шанса доколку играме како во Дортмунд".

„Чувствувам дека ова е најважниот натпревар за Реал Мадрид во последните десет години, но исто така имам чувство дека во Дортмунд игравме како на пријателски натпревар".

„Доколку не ја освојам Лигата на Шампионите, ништо нема да се промени. Има многу тренери кои не ја освоиле, па му благодарам на Бога бидејќи јас два пати ја освоив".