24фудбал

Дракслер: Нема шанси да играм за Дортмунд

Младата ѕвезда на Шалке, Јулиан Дракслер вели дека нема шанси да го облече дресот на лутиот локален ривал Борусија Дортмунд

Германија

Талентираниот германски репрезентативец беше поврзуван со трансфер на Сигнал Идуна Парк како потенцијална замена за Марио Геце, кој летоска заминува од Борусија Дортмунд и ќе се пресели во Баерн Минхен.

Сепак, Јулиан Дракслер ги отфрла ваквите стории и вели дека нема шанси да го облече црно-жолтиот дрес на лутиот локален ривал.

„Нема шанси да играм за Борусија Дортмунд следната сезона” – напиша 19 годишниот Дракслер на својот Фејсбук.

„Не можам да замислам дека Борусија Дортмунд сака да ме ангажира, и апсолутно не можам да се замислам како го носам црно-жолтиот дрес”.

„Имаше многу шпекулации изминативе денови, решив да не ги коментирам бидејќи сакав да се фокусирам на натпреварот со Хамбургер”.

„Но можам да ве осигурам, со сета почит, дека, нема да играм за Дортмунд следната сезона освен доколку не ми биде испран мозокот”.