24фудбал

Роналдо фит за дуелот со Дортмунд

Кристијано Роналдо утрово тренираше со преостанатиот дел од тимот на Реал Мадрид и ќе биде подготвен за дуелот со ’Милионерите’

Лига на Шампиони

Португалскиот репрезентативец минатата недела на загревањето пред натпреварот со Борусија Дортмунд на Сигнал Идуна Парк заработи ситна повреда но ги одигра сите 90 минути.

Кристијано Роналдо потоа неколку дена работеше самостојно и го пропушти градското дерби со Атлетико Мадрид во саботата.

Сепак, фудбалерот утрово тренираше со преостанатиот дел од тимот на Реал Мадрид и ќе биде фит за реванш средбата со ’Милионерите’.