Модриќ: Заслуживме пласман на Европското првенство
Плејмејкерот на Коцкастите, Лука Модриќ смета дека Хрватска сосема заслужено патува на Европското првенство.
Синоќа на Максимир во Загреб, Хрватска го завери пласманот на Европското првенство кое идната година ќе се одржи во Полска и Украина.
Дилемите за патникот се чини дека беа решени уште во првиот натпревар кога Хрватска изненади со висока победа во Турција од 3-0.
Па вчера и неубедливата игра и резултатот од 0-0 беа сосема доволни за заверка на пласманот на големиот турнир.
Фудбалерот на Тотенхем, Лука Модриќ смета дека Хрватска заслужено е онаму каде што припаѓа, на Европското првенство.
"Среќни сме што победивме тешка репрезентација како што е Турција" - изјави Модриќ по натпреварот.
"Мислам дека заслуживме да се пласираме, ние припаѓаме во завршницата".
