Трапатони верува во чуда

Селекторот на Република Ирска, Џовани Трапатони верува дека тие можат да го повторат чудото кое го направи Грција во 2004 година и да го освојат Европското првенство во Полска и Украина.
По пауза од цели 24 години Република Ирска се пласира на Европско Првенство откако во бараж натпреварот против Естонија победи со вкупни 5-1.
 
Џовани Трапатони е горд на своите фудбалери и верува во добар настап на првенството во Полска и Украина.
 
"Сигурен сум дека на Европското првенство 2012 ќе отидеме со голема верба во нашата игра" - изјави Трапатони по синоќешниот натпревар.
 
"Имаме самодоверба и добар менталитет. Треба да покажеме исто така дека можеме да играме добро против поголеми противници".
 
"Која е нашата цел на турнирот? Никогаш не вели никогаш. Тоа го велам јас. Имаме добри опции во тимот".
 
Запрашан дали Република Ирска може да го направи она што го направи Грција во 2004 и да го шокира светот со титула, Трапатони изјави:
"Зошто да не? Тоа не е сон. Потребна ни е 100% посветеност, но зошто да не".
 
"Знам што значи пласманот на ЕП за оваа земја. Многу сум горд на фудбалерите и нашите навивачи. Знам колку Ирците го посакуваа ова и среќен сум што им го остваривме сонот".
 
"Имавме многу тешка група и се квалификувавме, па многу сум задоволен".
 
"Фудбалерите веруваа во нашиот систем и формацијата и успеавме, ја остваривме целта".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1098
Баерн Минхен [49.45%, 543 гласови]
Челзи [50.55%, 555 гласови]