Велосо: Постигнав убав гол, но најважен беше пласманот на ЕП
Мигуел Велосо вели дека тимската игра на Португалија е клучот за пласманот на Европското првенство.
Мигуел Велосо беше еден од стрелците на синоќешниот натпревар помеѓу Португалија и Босна и Херцеговина кој го добија домаќините и обезбедија пласман на завршницата.
Велосо постигна прекрасен гол од слободен удар, но вели дека најважна е тимската игра, односот кој го покажале на теренот.
"Подобро од мојот гол беа перформансите на тимот и фактот дека ја исполнивме главната цел" - изјави Велосо по натпреварот.
"Тоа беше мојата зона за шут. Го прашав Роналдо, тој ми дозволи да го изведам слободниот удар и постигнав гол".
"Но сакам да нагласам дека најважна работа беше нашиот однос кој го покажавме на теренот".
"Клуч за пласманот на првенството беше обединетоста на составот, стручниот штаб, тоа се тие работи кои сакате да ги видите во денешниот фудбал".
"Сега сакаме да се одмориме и да ја прославиме оваа победа".
"Ова беа два важни натпревари за нас, сонувавме за пласман на Европското првенство и го направивме тоа".
"Кога сезоната ќе заврши, повторно сите ќе се собереме со националниот тим и ќе можеме да размислуваме од натпревар за натпревар".
