24фудбал

Роналдо: Многу емоции

Кристијано Роналдо вели дека емоциите не му дозволиле дуелите против Манчестер Јунајтед да ги одигра на своето ниво, но среќен е што Реал Мадрид оди понатаму.

Лига на Шампиони
Кристијано Роналдо го постигна клучниот погодок за Реал Мадрид на Олд Трафорд и го елиминираше својот поранешен клуб од Лигата на Шампионите.
 
И покрај тоа што постигна гол, Роналдо не одигра на своето препознатливо ниво, а причина за тоа биле големите емоции кон Манчестер Јунајтед.
 
„Беше неверојатно, многу емоционален момент за мене. Немам зборови со кои можам да го опишам чуството" - вели Кристијано Роналдо за Sky Sports.
 
„Она што ми го приредија фановите, влијаеше на мојата игра, според мене и на двата натпревари не одиграв на моето ниво. Но со постигнувањето на еден гол дома и еден во гости, му помогнав на тимот".
 
„Среќен сум бидејќи Реал Мадрид оди понатаму, но од друга страна сум тажен поради Манчестер Јунајтед. Но тоа е дел од фудбалот, и јас го носам белиот дрес".
 
Кристијано Роналдо не ја отфрла можноста еден ден повторно да заигра за Манчестер Јунајтед.
 
„Никогаш не се знае што носи иднината. Но во моментов сум среќен во Реал Мадрид".
 
„Имавме неверојатна недела, ги добивме двата натпревари против Барселона а потоа го победивме Манчестер Јунајтед".
 
„Во добра форма сме и треба да продолжиме така бидејќи сакаме да го освоиме ова натпреварување".