24фудбал

Десаи: Победата на Милан ме потсети на 1994 година

Легендарниот дефанзивец, Марсел Десаи вели дека синоќешната победа на Милан му ги вратила сеќавањата на 1994 година кога Росоњерите во финалето од Лигата на Шампионите ја победија Барселона со 4-0.

Лига на Шампиони
Таа ноќ Десаи беше еден од стрелците за Милан кој ја победи Барса со 4-0 и го крена големиот трофеј.
 
Синоќа Милан одигра одличен натпревар и ја победи Барселона со 2-0, не дозволувајќи им на Каталонците да креираат посериозна прилика за гол.
 
„Сакам да му се заблагодарам на тренерот Масимилиано Алегри кој изврши фантастична работа за овој дуел, тимот покажа неверојатна дисциплина" - изјави Десаи за Milan Channel.
 
„Играчите го покажаа карактерот на Милан. Натпреварот ме потсети на 1994 кога ја победивме Барселона со 4-0".
 
„Тактички и во поглед на дисциплината, тимот беше перфектен, дефанзивата беше високо поставена, му играа пресинг на противникот и не му дозволија да креира шанси".
 
Десаи е импресиониран и од перформансите на капитенот, Масимо Амбросини.
 
„Тој имаше 17 години кога почна во Милан, натпреваров го одигра баш капитенски".