24фудбал

Пике: Нема оправдување за поразот

Жерард Пике вели дека Барселона мора да одигра многу подобро во реванш натпреварот доколку сака да се пласира во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Барселона одигра лош натпревар на Сан Сиро и загуби со 2-0 од Милан во првиот 1/8 финален дуел.
 
Пике вели дека нема оправдување за лошата игра, знае дека тие мора да бидат на многу повисоко ниво на Камп Ноу за да обезбедат пласман во следната рунда.
 
„Јасно е дека мораме да го добиеме реванш натпреварот. Мора да се подобри и да научиме од овој пораз" - вели Пике.
 
„Ќе гледаме да одговориме и да создадеме уште една магична ноќ на Камп Ноу".
 
„Резултатот е навистина лош. Игравме лошо и нема никакво оправдување за поразот".
 
„Кога го постигнаа првиот гол, ја загубивме контролата. Сан Сиро е тешко место за играње, Милан е клуб со голема историја".