24фудбал

Алегри: Можевме да победиме и поубедливо

Тренерот на Милан, Масимо Алегри смета дека неговиот тим можел да слави и поубедливо против Барселона, но знае дека пласманот во 1/4 финалето е далеку од обезбеден и покрај триумфот од 2-0.

Лига на Шампиони
Милан синоќа обезбеди одличен резултат победувајќи ја Барселона со 2-0 на Сан Сиро во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на Шампионите.
 
Росоњерите тактички одиграа одлично и не му дозволија на силниот противник да создаде ниту една посериозна шанса на натпреварот.
 
Но Алегри е свесен дека на Камп Ноу ќе биде поинаку, Барса е Барса, па работата е далеку од завршена.
 
„Мораме да постигнеме гол таму, бидејќи Барселона на свој терен секогаш постигнува многу голови" - изјави Алегри по натпреварот.
 
„Неопходно ќе биде да имаме добар натпревар таму, веројатно и подобар од овој кој го одигравме сега".
 
„Мислам дека одигравме многу добро. Моите играчи беа одлични во дефанзивата".
 
„Не е лесно да не и дозволите на Барселона да постигне гол. Во првото полувреме имавме неколку шанси и можевме да постигнеме уште некој гол. Но мислам дека моите фудбалери заслужија да победат".
 
„На крајот, можевме и да го зголемиме водството".